информации и новини

во овој дел во вид на блог се објавуваат сите информации од јавен карактер
Петок, 15 Декември 2017 08:44

годишен извештај 20016/2017

Напишано од
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Годишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев” Кавадарци во учебната 2016/17год.

Почитувани годишниот изештај за работа на ООУ Гоце Делчев следува во продолжение ... кликнете на повеќе...

 Годишен извештај за работата на

ООУ„Гоце Делчев” Кавадарци

во учебната 2016 /17год.

 

Учебната 2016 /17 година започна навреме на 01.09.2016 год. и траеше 180 наставни денови.

За нормално одвивање на предвидените воспитно образовни содржини реализирани се следните активности по подрачја:

 

Услови за работа

 

Во текот на првото полугодие во училиштето се реализирани следните активности:

-Извршена е дезинфекција,дератизација и дезинсекција пред почетокот на учебната година;

-    Обновени се стиропорите во сите училници;

-       Набавена е опрема од потрошен и временски карактер (тастатури, глувчиња);

-       Поставени се две врати во преградните делови на училниците каде што се реализира продолжениот престој;

-       Купени се и поставени три табли;

-       Поставена е водоводна инсталација за оддржување на зеленилото во делот позади втората зграда на училиштето;

-       Поставена е ограда во должина од 80 м;

-       За потребите на техничкиот персонал набавени се:

-       работни облеки за техничкиот персонал;

-Во второто полугодие се превзедоа активности за оззеленување на задниот дел од училиштето, делот позади продолжениот престој, кој својата намена освен за естетски ќе ја најде и за функционални воспитни и образовни цели на наставата (преку настава во природа) ;

-Во училиштето се прошири просторијата за техничкиот персонал и се направи пријавница за следење на влезот и излезот од училиштето и зголемување на безбедноста на учениците и вработените и реновирани се тоалетите наменети за вработените на горниот спрат од училишната зграда.

 

 

 

 

 

 

 

 

Воспитно-образовен процес

 

           Во учебната 2016/17 год. во училиштето наставата се одвиваше спoред однапред усвоената Годишна програма (во месец август на состанокот на Наставнички совет), а донесена на Училишен одбор (во месец август).

Истата се разгледа на Советот на родители во септември и беше усвоена од Советот на општина Кавадарци во месец септември.

Наставата во училиштето се реализираше според Годишната програма, Наставниот план и Наставните програми за деветгодишно образование од прво до деветто одделение.

Наставно-образовниот процес се реализираше во 180 наставни денови со 27 паралелки и вкупно 595 ученици од кои 322 во одделенска настава и 273 ученици во предметна настава, од кои 2 групи со околу 60 ученици посетуваа продолжениот престој

Училиштето реализираше проширена програма според која се прифаќаа на учениците од прво до петто одделение еден час пред почетокот на наставата и еден час по завршувањето на наставата, како и продолжен престој  за учениците   организиран во три групи.

           Редовната настава се одвиваше во училници, а по поедини предмети во кабинети и тоа по техничко образование, информатика, ликовно образование и музичко образование.

           Изборната настава беше застапена од трето до деветто одделение. Учениците во трето одделение го изучуваа предметот Работа со компјутери, учениците од четврто одделение Творештво, а предметот Работа со компјутери го изучуваат во петто.

Во шесто одделение изборната настава беше застапена со предметите Етика во религиите - 2 групи и Класична култура на европската цивилизација - 2 групи, со по два часа неделно. Во седмо одделение се изучуваа изборните предмети Истражување на родниот крај, Нашата татковина и Изборен спорт со по 1 група.

Во осмо одделение со по една група (паралелка) застапени беа предметите: Изборен спорт, Проекти од ликовната уметност и Проекти од музичката уметност.

Во деветто одделение како изборни се изучуваа предметите Проекти од ликовната уметност, Нашата татковина и Истражување на родниот крај со по 1 група.      

Во текот на целата учебна година приоритетни задачи во Годишната програма на училиштето беа унапредувањето на оценувањето на учениците и спречување на насилството во наставата.

Иновативната настава на 21 век која нуди современи форми и методи веќе во целост ја заменува традиционалната настава чиј интегрален дел е и оценувањето на учениците на кое се посветува посебно внимание и истото се иплементираше во Годишните глобални, Тематските и дневните планирања на наставниците  и во реализацијата на наставата.

            ИКТ технологијата се применуваше во одделенска настава преку работа со функционалните ученички лап топ компјутери, а во останатите одделенија и предмети се применува според можностите кои ги има во училниците.

Во склоп на Годишните планирања се реализира програмата „Животни вештини” и тоа во прво одделение со имплементација на дел од содржините во редовната настава, од второ до петто на часот на одделенската заедница, а од шесто до деветто одделение на одделенскиот час и за истите се изготвуваа дневни подготовки.

Воспитната компонента покрај содржините на одделенскиот час и редовната настава, се практикуваше и преку советодавна консултативна работа помеѓу учениците, одделенските раководители, родителите, стручната служба и директорот.

Во содржините на Годишната програма за работа на училиштето и наставниците се работеше според индивидуално изработените програми за „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“,според Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието„ и во истите се засноваа на акциони планови и еко-стандарди со точки на акција имплементирани во реализацијата на наставата.

Оваа година училиштето по трет пат доби признание „Зелено знаме„ за планирањата и реализираните акции и кампањи од областа на екологијата.

-Учениците од петтите одделенија учествуваа на училишниот и општински „Еко квиз“ и покажаа солидни знаења од оваа област.

 

СОЦИО- ЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ  НА УЧЕНИЦИТЕ

 

Стручната служба заедно со тимот од училиштето во континуитет оддржуваше активности и работилници според креираната училишна политика за „Спречување на насилството во училиштето“ со реализација на теми за превенција на борба против зависностите за учениците од шесто до деветто одделение.

Овие превентивни програми за превенција стручната служба ги реализираше со дефинирање на конкретни цели , задачи, целни групи, ресурси и инструменти, критериуми на успех, каде целокупната работа беше насочена кон поддршка на психофизичкиот развој на учениците.

Покрај овие теми стручната служба реализираше и многу интерактивни работилници и презентации за психосоцијални вештини, каде учениците се стекнуваат со контрола на однесување, како и придружување на кодекс на однесување.

Стручната служба детектира  11 учениците со посебни образовни потреби .Стручната служба активно се залагаше во инклузирањето на учениците со ПОП како и создавање на позитивна клима во одделенијата каде што има ученици со ПОП.Инклузивниот тим заедно со наставниците изработија индивидуални образовни програми. Стручен соработник – дефектолог според годишната програма и компетенциите за дефектолог континуирано спроведуваше индивидуална настава со учениците со ПОП, активно пружење подршка на наставниците во чие одделение има ученици со ПОП. Континуирана соработа со родителите , информирање за напредокот и состојбата на нивните деца.

          

ПОСТИГАЊА НА УЧЕНИЦИТЕ

 

Учениците од I до III одделение описно се оценуваат, учениците од четврто и петто одделение се оценуваат комбинирано (описно на тромесечие, а бројчано на полугодие и крајот на учебната година), а учениците од шесто до деветто одделение се оценуваат само бројчано.

           Средниот успех на учениците во IV-те и V-те одделенија изнесува 4,70 , а  од VI до IX одделение изнесува 4.24 и е зголемен за 0,6 , а на ниво на училиште изнесува 4,18 и споредбено со минатата учебна година бележиме зголемување на успехот за 0,21 .

Учениците ја посетуваат наставата со отстапувања и бројот на неоправдани и оправдани изостаноци споредбено со минатата година е зголемен, односно направени се на ниво на училиште вкупно 8335 (во просек 14) оправдани изостаноци како резултат на вирусните заболувања и грипот кој владееше во месец декември.

Бројот на неоправдани изостанувања од наставата од страна на учениците изнесува 357 (во просек 0,6 по ученик) .

Просечниот број на изостаноци на ниво на училиште по ученик изнесува 13,4 .

За известување на родителите за постигнатиот успех на учениците се користеа Евидентни листови на полугодие, а свидетелства на крајот на учебната година.

           Известувањето за успехот на учениците се презентираше на родителските средби и тоа два во првото и два пати во второто полугодие, а со истиот се разгледа и на состанок на Училишниот одбор и Советот на родители.

Пред крајот на учебната година се направи избор за ученици-првенци и ученици на генерацијата кои имаат особени залагања и постигнати успеси во наставните и воннаставните ученички активности.

 

КУЛТУРНО - ОПШТЕСТВЕНИ АКТИВНОСТИ

 

Училиштето и оваа учебна година го продолжи трендот на соработка со родителите на различни нивоа: преку родителски средби, индивидуални средби, отворен ден на училиштето, Совет на родители и реализирање на програмата за советување на родителите.

Со основачот-Општината,Локалната самоуправа и градоначалникот на,ПС ОН-Кавадарци,Советот за превенција од малолетничко престапништво, ОО на Црвениот крст учениците, наставниците и вработените во училиштето се вклучија во сите активности, манифестации и едукации организирани од нивна страна:

·         август,

·         септември:

-Тиквешки гроздобер

-На градскиот плоштад е проследен настапот на Златно славејче

-Свечен прием на првачињата;

·         Во октомври беше реализирана кампања по повод „Неделата на детето“ со низа активности, поддржани од наставниците,учениците и родителите (преку организирање и учество во хуманитарна акција, ликовни и литературни работилници);

- Учениците од третите одделенија зедоа учество во големата акција на НЛБ Банка по повод месецот на штедење преку ликовно изразување со цртежина тема: Штедење или хуманост.

- Собирна акција на книги „ Од нас за нас“

- Прием на првачињата во Детската организација. Мото: „И децата се прашуваат“

-Кампања за денот на гладта „Помислете и на нас“ - хуманитарна акција -Едукативна работилница за безбедно движење во сообраќајот

-Кампања за хортикултурно уредување

-Одбележување на Светскиот ден на пешаците под мотото „Не прави грешки, оди пешки!

- Во рамките на општествено хуманитарните активности се посвети час на животот и делото на Мајка Тереза

-Работилница за превенција и правилна грижа за оралната празнина

·         Месец ноември го одбележаа бројни активности за здравствена заштита и еколошки акции:

-Работилница за превенција и правилна грижа за оралната празнина

-Учениците од одделенска настава ја проследија хумористичната претстава „Хумористичен час “ со Војче Китаноски.

- Сите ученици и вработени во соработка со МОН, Општината и Локалната самоуправа на Кавадарци се вклучи во големата еколошка акција „Ден на дрвото 2016 - Засади ја својата иднина“.

 -Се поставија на корпи за вклучување во проектот Еко -пакет

·         На први декември како дел од кампањата по повод  „Светскиот ден за борба против сидата „стручната служба на училиштето оддржа едукација насловена како „Превенција од ХИВ-вирусот“ за учениците од деветтите одделенија.

-Волонтери на Црвениот Крст од нашето училиште оддржаа работилница за одбележување на неделата за борба против трговијата на луѓе

-Во училиштето е одржан новогодишен базар

-Во училишниот хол се одржа новогодишна приредба со учениците од прво до петто оделението.

-Преку изготвување на информативен осврт за одржување на односи со јавноста и култура во комуницирање на медиумите за учениците и вработените во ООУ„Гоце Делчев“-Кавадарци, стручните соработници оддржаа мини презентација за начелата на донесениот за информирање, односи со јавноста и  култура во комуницирање на медиумите за учениците и вработените.

-По повод Нова година во домот на културата учениците од одделенска настава ја проследија театарската претстава -„Изгубената принцеза“ и ја збогатија медиумската култура преку театар во сенки.

-Од Локалната самоуправа градскиот плоштад на учениците им беа поделени Новогодишни пакетчиња и проследија кратка новогодишна приредба.

-Учениците од предметна настава се вклучија во интернационалниот ден на волонтеризмот преку различни игровни и едукативни активности кои се реализираа на градскиот плоштад.

·         Во февруари се одбележа денот на раѓањето на патронот „Гоце Делчев“ ;

·         Во месец март ја проследија театарската претстава Љубопитната принцезичка;

·         април

-Во соработка со Локалната самоуправа на градот нашите ученици и наставници се приклучија кон парадата под маски  Априлијада„ , а кон крајот на месецот го проследија играниот филм „Малиот ганстер“.

-Во училиштето се одбележа „Денот на планетата Земја„ преку ликовни и еколошки активности

  • Во соработка со ОО на Црвен Крст на Кавадарци и родител-аниматор во месец мај во училиштето се презентираше претставата “Ромео и Јулија од нашето време“ а собраните пари беа наменети за хуманитарни цели на неделата на солидарноста.

-Во соработка со П.Е. и Одделот за Превенција при МВР–Кавадарци се оддржа превентивно-едукативна работилница за последиците од злоупотреба на наркотични средства;

-Едукацијата за штетните последици од користењето на пиротехничките средства од страна на инспекторите од одделот за превенција при ПСОН Кавадарци.

-Проектот „Заедничка грижа и поддршка на учениците“ се реализира во наставните и воннаставните активности според изготвен акционен план и активности интегрирани во наставните содржини во сите одделенијаво текот на целата учебна година.

учениците ги бира координаторот на проектот кој има критериуми како што се: солидно познавање на англискиот јазик, примерно однесување, комуникациски вештини , како солидно би се вклопиле во работата и во претставувањето на нашата земја.

 

 СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

 

Во склад со законските одредби за стручно усовршување на наставниците и стручните соработници и административниот кадар во ООУ„Гоце Делчев“ – Кавадарци во текот на учебната 2016/17 година се оддржаа обуки и семинари:

 

·           Семинар: ,,Откривање и работа со талентирани и надарени ученици,,- Група наставноци од одделенска и предметна настава и стручната служба.

·           Посета на семинари за одделенска настава и стручната служба од Програмата Чекор по чекор под наслов ,, Јазична и математичка писменост,, како и ,,Нашата училница, наш свет,,

·           Семинар за ,,Формативно и описни оценување,,- наставници од I-V одд.

·           Семинар,, Работа со компјутер иоснови на програмирање,, -во IV одд. како и посета на семинар ,,Современи методи и пристапи во рализацијата на наставата по физичко и здраствено образование за учениците од черврто и петто одделение,,

·           Семинар за Кембриџ програмата во предметна настава за наставниците по физика, хемија, биологија, математика.

·           Посета на семинар занаставниците по англиски јазик за унапредување на наставата.

-Административниот кадар континуирано ги следи обуките за финансиско работење и промените во Законот за јавни набавки.

Соработката со општинскиот сојуз на Училишен Спорт Кавадарци, продолжи и оваа година со учество на општинскиот спортски натпревар во дисциплините фудбал и футсал.

-Оваа учебна година се прошири интернационалната воспитно-образован соработка со ОУ„Алекса Шантиќ“ од Угљевик, Република Српска преку  размена на искуства и културен настап и гостување на наши ученици на денот на училиштето Св.Сава, а потоа и како домаќини за Денот на нашето училиште -4-ти Мај.

 Во училиштето и оваа учебна година се реализираше меѓународен Проект Еразмус+,  каде координатор е наставничката по англиски јазик Милка Мркева.

Во текот на овва учебна година се реализираа посети на ученици во Сицилија, во Грција, во Словенија, заедно со неколку наставници. Проектот се реализира со планирана програма и учество на ученици во акивности на различни теми, каде истите се стекаа и со сертификати

За изборот на уленици има критериуми како што се: солидно познавање на англискиот јазик, примерно однесување, комуникациски вештини , како учениците солидно би се вклопиле во работата и во претставувањето на нашата земја.

 

           Програмско делување

 

Проширена програма за учениците

 

Покрај редовната во училиштето се реализираше проширената програма преку прифаќање на учениците еден час пред и еден час по наставата за учениците од прво до петто одделение и продолжен престој за учениците од прво до петто одделение и истиот го посетуваа околу 60 ученика.

Се изработува и поставува на видно место распоредот на дежурни наставници-вклучени во проширената програма, со што се овозможува навремена информираност на родителите и корисниците на оваа програма.

 

Програмата за советување на родители и ученици

 

Во согласност со законските одредби од страна на училишниот психолог и педагог се реализираше Програмата за советување на родителите во согласност со препораките од МОН.

 Во првото тромесечје имаше 22 ученика со три слаби оцени,каде беа советувани нивните родители а состојбата на третото тромесечие е само 4 ученика со слаби оцени во категоријата:

Родители на ученици кои имаат слаби оцени по три предмети или покажале нагло намалување на училишниот успех.

Преку ваквото советување родителите имаа можност да ја подобрат комуникацијата со своите деца проследувајќи ги стручните презентации за стиловите на родителството и преку едукативни работилници, да ги подобрат своите комуникациски вештини, од стручен аспект да се стекнат со конструктивен начин на разрешување конфликти, како и да се запознаат со спецификите на адолесценцијата како развоен период во животот.

 

Ученичка заедница

 

Во училиштето успешно функционира Ученичка заедница која реализира своја програма и активно учествува на одбележување на сите значајни датуми, организација на хуманитарни акции и сл.

Сите активности на ученичката заедница се работат тимски организирано низ работилници, каде што се изготвуваат флаери, постери, транспаренти  во кои учениците ги истакнуваат своите таленти и способности.

Ученичката заедница е вклучена и активно учествува во донесувањето на одредени одлуки на ниво на училиште, каде за истите се информирани и родителите преку Советот на родители.

Дел од реализираните активности кои се иницираа од оваа заедница се :

-Собирна акција по повод „Месецот на детето„

-Кампања за „Денот на гладта„

-Собирна акција од нас за нас-хуманитарна акција

-Уредување на училишниот хол по повод раѓањето на патронот Гоце Делчев;

-Хуманитарна акција за собирање на парични средства за деца со физички хендикеп;

-Хуманитарна акција за Никола;

 

 

 

 

 

Професионална ориентација на учениците

 

Во делот за Професионалната орентација според однапред изготвена програма се делуваше на информираноста и можноста за понатамошното образование на учениците преку анкетирање и посредување во презентации на програмите и профилите кои ги нудат средните училишта од и надвор од градот, давајќи им насоки да ја одберат професијата според нивните потенцијали, интереси и способности. Беа спроведени и анализирани прашалници за професионална ориентација на учениците од завршните одделенија и за истите се водеа дебати со поддршка на стручната служба на училиштето.

 

Редовност и поведение на учениците

 

Учениците редовно ја посетуваат наставата со мали отстапувања и бројот на неоправдани и оправдани изостаноци споредено со минатата година е во благ пораст.

 На ниво на училиште има вкупно  неоправдани изостаноци, кој е многу помал од мината учебна година, а тоа е резултат на навремени консултации со родителите и учениците од страна на одделенските наставници, стручната служба и директорот.

Во текот на учебната година беа изречени педагошки мерки на ученици од предметна настава  и на истите после евидeнтирањето на настанатата позитивна промена кај нив беа поништени со Одлука на Наставничкиот совет.

Дисциплината во училиштето е на високо ниво, како резултат на редовното следење и соработка со учениците од страна на стручната служба, како и активностите на Ученичката заедница во училиштето.

 

Соработка

 

           Соработката со родителите се реализираше преку состаноци на Совет на родители, родителски средби и индивидуални средби со родители, како и реализирање на Програмата за советување на родители.

  Во рамките на проектните активности на училиштето континуирано се вклучуваа и родителите со свои идеи и креации.

           Континуитетот на соработка со Локалната самоуправа и градоначалникот продолжи и оваа година со взаемни активности и поддршка.

  Училиштето во рамките на планирањата со Годишната програма за работа на училиштето и со подршка на родителите го продолжи оддржувањето, негувањето и унапредувањето на „Проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието„ и во интернационални размери, т.е. со партнер-збратимено основно училиште „Алекса Шантиќ“ од Угљевик, Р.Српска.

-Преку двонасочна размена на групи од талентирани ученици покрај градењето на социјалните и комуникациските вештини се овозможи мешање и размена на искуства, знаења и вештини помеѓу двете училишта и култури, како и споделување на примери на добра пракса помеѓу наставниот кадар.

 

 

Здравствена грижа

 

           Стручната служба на училиштето реализираше работилници за унапредување на менталното и емоционалното здравје чија цел беше личноста на ученикот да знае како да се справува со секојдневни стресни ситуации, да знае како да се доживува себеси и другите, да знае како да се справува со негативните емоции, како на пр.: нервоза, чувство на осаменост, чувство на беспомошност, што е неизоставен дел од емоционалниот развој на секој човек. Преку овие работилници учениците се стекнуваа со социјални вештини за успешно справување со животните предизвици.

Во делот на превентивно делување на зависностите и подигање на свеста за грижа на здравјето и квалитетот на сопствениот живот на учениците, психологот и педагогот  на училиштето реализираа проекти и работилници на теми со вклучување на стручни лица од неколку области, како за учениците, така и за наставниците.

Континуираната соработка со Службата за детска и превентивна стоматологија се реализираше во неколку термини за учениците во I  и IVодделение на темите:„Оддржување на правилна орална хигиена„ и „Редовна посета на стоматолог и употреба на флуориди во превентивни цели„.

Како и секоја учебна година се спроведоа редовните систематски прегледи за учениците од I , III, V и VII одделение во периодот од 09.05. до 31.05.2017 година, а вработените во училиштето имаа санитарен преглед во месец декември согласно изготвениот распоред.

 

Проект за еколошка интеграција во образованието

 

-Во планирањата на наставниците преку наставните содржини се имплементираа Еко-стандардите според предвидените точки на акција од „Проектот за еколошка интеграција во образованието„

-Преку соработка со наставниците, учениците,родителите и координација на стручната служба на училиштетосе организираат низа еколошки активности континуирано во текот на целата учебна година:

-септември- Еколошка акција преку садење на цвеќиња во училишниот двор по повод приемот на првачињата во новата учебна година;

-октомври- Учеството во акцијата Македонија без отпад,

-ноември-   -Вклучување во проектот „Еко пакет Македонија„

        -Поставување на корпи за селекција и собирање на тетра пак амбалажа,

        -Учество на еко квиз на општинско ниво,

        -Презентација на проектот Екопакет,

-декември-  Одбележување на Денот на дрвото -2016,

-Еколошка работилница по повод Новогодишните и Божиќните празници во соработка со другите основни и средни училишта од градот,

       -Новогодишен -еко саем,

-февруари- Презентирање на начини на реупотребана тетра пак амбалажа,

-март-        кампања            „Подвиг смел со еко цел“,

       -Одбележување на денот на пролетта;

     -Изработка на накит од природни материјали -во соработка со еколошките секции од градот и ЗШУЦ „Ѓорче Петров“ –Кавадарци

-април-     -Одбележување на денот на климата

      -Уредување на училишниот двор со пролетни цвеќиња

-мај-         -Училишен натпревар во изработка на најдобар модел од тетра-пак амбалажа,

                -„Садница плус„ во соработка со локалната самоуправа на градот,

-јуниПрисуство на изборот за најдобри изработки од тетра пак амбалажа на државно ниво.

Сите наведени активности беа насочени кон подигање на навики и еколошка свест кај учениците, родителите,вработените и пошироката јавност, а воедно и да допринесат за уредување на училиштето во целост и оддржување на еколошкото признание „Зелено знаме”.

 

Постигања на нашите ученици од учество на натпревари

 

           Под менторство на наставниците учениците имаа можност да учествуваат во училишните натпревари, а најуспешните продолжија и учествуваа на Регионални, Државни и Меѓународни натпревари и ги постигнаа следните резултати:

Извештај од натпревари во учебната 2016/17 год.

МАТЕМАТИКА

Ученици кои се натпреваруваа на ЈУНИОРСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор

Освоена награда

1

Мајкл Георгиевски

7одд

Емилија Давчевска

СРЕБРЕН МЕДАЛ

2

Бошко Бошков

7одд

Емилија Давчевска

 

 

Извештај од  ДРЖАВЕН  НАТПРЕВАР математика одржан на  06.05.2017 год.

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор

Освоена награда

1

Мајкл Георгиевски

7одд

Емилија Давчевска

1 награда

2

Бошко Бошков

7одд

Емилија Давчевска

2 награда

 

Извештај од РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР математика одржан на  01.04.2017 год.

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор

Освоена награда

1

Мајкл Георгиевски

7одд

Емилија Давчевска

1 награда

2

Бошко Бошков

7одд

Емилија Давчевска

1 награда

3

Марика Георгиевска

4 одд

Николинка Илиева

1  награда

4

Иван Мркев

6 одд

Љупка Грозданова

2 награда

5

Томе Ѓондев

6 одд

Љупка Грозданова

2 награда

6

Илина Димова

6 одд

Љупка Грозданова

2 награда

7

Андонија Тодорова

9одд

Емилија Давчевска

3 надрада

8

Илина Бошева

5 одд

Благица Николова

3 награда

9

Анастасија Ризова

4 одд

Николинка Илиева

3  награда

10

Камелија Гркова

7 одд

Емилија Давчевска

пофалница

11

Кристина Маркова

4 одд

Мицка Наумчева

пофалница

 

Извештај од ОПШТИНСКИ  натпревар математика одржан на  25.02.2017 год.

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор

Освоена награда

1

Мајкл Георгиевски

7одд

Емилија Давчевска

1 награда

2

Бошко Бошков

7одд

Емилија Давчевска

1 награда

3

Иван Мркев

6 одд

Љупка Грозданова

1 награда

4

Марика Ѓеоргиевска

4 одд

Николинка Илиева

1  награда

5

Анастасија Ризова

4 одд

Николинка Илиева

1  награда

6

Кристина Маркова

4 одд

Мицка Наумчева

1  награда

7

Андонија Тодорова

9 одд

Емилија Давчевска

2 надрада

8

Томе Ѓондев

6 одд

Љупка Грозданова

2 награда

9

Златко Мазев

5 одд

Благица Николова

2 награда

10

Филип Јанев

7 одд

Емилија Давчевска

3 награда

11

Илина Димова

6 одд

Љупка Грозданова

3 награда

12

Илина Бошева

5 одд

Благица Николова

3 награда

13

Камелија Гркова

7 одд

Емилија Давчевска

пофалница

14

Софија Маркова

9 одд

Катерија Јаневска

пофалница

15

Леонора Темелкова

8 одд

Катерија Јаневска

пофалница

16

Владимир Костов

5одд

Снежана Верменцалиева

пофалница

 

ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 

 

Државен натпревар кошарка          4 МЕСТО       9одд, 8одд  Ментор: Митко Пановски

Регионален  натпревар кошарка    1 МЕСТО       9одд,  8одд  Ментор:  Митко Пановски

Општински  натпревар кошарка    1 МЕСТО       9одд  8одд  Ментор:  Митко Пановски

Регионален  натпревар фудбал      3 МЕСТО       9одд, 8одд, 7одд  Ментор:  Сашко Ристов

Општински  натпревар фудбал      1 МЕСТО       9одд, 8одд, 7одд  Ментор:  Сашко Ристов

 

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ     ХОР

Регионален  натпревар     1 МЕСТО        Ментор:  Тони Стојановски

 

ХЕМИЈА

Извештај од ОПШТИНСКИ  натпревар

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор

Освоена награда

1

Божанка Илиева

9одд

Павлинка Голчева

2 награда

 

Извештај од РЕГИОНАЛЕН  натпревар

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор

Освоена награда

1

Божанка Илиева

9одд

Павлинка Голчева

пофалница

 

 

 

БИОЛОГИЈА

Извештај од  ДРЖАВЕН   натпревар

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор:

Освоена награда

1

Блаже Игнатовси

7одд

Благоја Гурчиновски

3 награда

2

Благој Трајков

8одд

Благоја Гурчиновски

3 награда

 

Извештај од  регионален    натпревар

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор:

Освоена награда

1

Филип Јанев

7одд

Благоја Гурчиновски

1 награда

2

Блаже Игнатовси

7одд

Благоја Гурчиновски

2 награда

3

Благој Трајков

8одд

Благоја Гурчиновски

2 награда

 

ГЕОГРАФИЈА

Извештај од  регионален    натпревар

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор:

Освоена награда

1

Благој Трајков

8одд

Снежана Ристовска

2 награда

 

ПРИРОДНИ НАУКИ

Извештај од  општински    натпревар 

Ред. Број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор:

Освоена награда

1

Томе Ѓондев

6одд

Зорица Ризова

1 награда

2

Даме Тефов

6 одд

Зорица Ризова

1 награда

 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Извештај од  регионален    натпревар

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор:

Освоена награда

1

Благица Чадамова

8одд

Верица Гурева

1 награда

2

Благоја Василев

8одд

Верица Гурева

1 награда

3

Благој Трајков

8одд

Верица Гурева

1 награда

Извештај од  општински    натпревар

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор:

Освоена награда

1

Благица Чадамова

8одд

Верица Гурева

1 награда

2

Благоја Василев

8одд

Верица Гурева

1 награда

3

Благој Трајков

8одд

Верица Гурева

1 награда

 

ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Извештај од  општински    натпревар -Квиз Сообраќај

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор:

Освоена екипна награда

1

Александар Видиков

8 одд

Васка Бошкова

 

 

1 место

 

2

Мартина Кичева

7 одд

Васка Бошкова

3

Оливера Крстевска

6 одд

Васка Бошкова

 

Извештај од  општински    натпревар -Област-Техника

Ред. број

Име и презиме на ученикот

одд

Ментор:

Освоена награда

1

Илија Делов

6 одд

Васка Бошкова

авио-моделарство

1 место

2

Ива Филипова

7 одд

Васка Бошкова

архитектура

1 место

3

Никола Илиев

6 одд

Васка Бошкова

бродо-моделарство

2 место

 

Екскурзии, излети посета на знаменитости и научно-истражувачка работа

 

Во текот на учебната година според Правилникот за изведување на екскурзии и излети, беа планирани и реализирани следните екскурзии, излети и научно-истражувачки активности:

v  Учениците од прво одделение реализираа посети во блиската околина според однапред поставени образовно-истражувачки цели и тоа:

-Посета на тетар, пошта, како и прошеткаи набљудување на местото на живеење и запознавање со изгледот и садниците во зеленчуковата и овошната градина.

v  Учениците од второ одделение во рамките на научно истражувачките активности реализираа:

-Прошетка и запознавање со местото во кое живеат  и околината на училиштето;

абљудување во блиската околина и запознавање со карактеристиките на живата и неживата природа.

-Посета на градската библиотека  „Феткин“ и запознавање соработата, фондот на книжевниот фонд и  манифестацијата „ Саемот на книгата“ и

-Запознавање со културната различност во местото на живеење преку посета на културно-историски објект во нашиот град, поточно градскиот музеј.

-Во рамките на предвидените посети на културните институции реализирана е посета на ликовна изложба во домот на културата  „Иван Мазов Климе“,со цел да ја воочат разликата помеѓу оригиналните ликовни творби и репродукција .

-Во склад со запознавањето и продлабочувањето на знаењата за медиумската култура посетена ерадио и ТВ куќа КТВ , како и на театарската претстава „ Новогодишна бајка“ со цел да се развие љубов кон театарските претстави ,нивно следење и разговор за истите.

v  Научно-истражувачките активности кај учениците од четврто одделение беа насочени кон:посета на метеоролошката станица во З.Ш.У.Ц.,,ЃорчеПетров,, , при што учениците беа запознати со намената и функционирањето на метеоролошката станица.

v  Учениците во петто одделение изведоа посети на Мал групен дом во корелација со предвидените општо-корисни активности и посета на Собранието на град Кавадарци со цел да се запознаат со работата и активностите на оваа институција.

-Учениците имаа можност да остварат посета на една стопанска дејност во градот, „Кожувчанка-Синалко“ , и да се запознаат со нејзините активности, производство и извоз.

-Посета на манастирот „Св. Ѓорѓи“ и запознавање на многу верски празници,обичаи, копаничарство, фрескопис и иконостас.

-Посета на кавадаречкиот театар, запознавање со глумците и утврдување на поимите: сцена, сценографија, костим и костимографија, претстава...

-Посета на библиотеката „Феткин“

v  За учениците од шесто одделение се реализираше дводневна научно наставна екскурзија на релација:Кавадарци-Радовиш-Струмица-Дојран-Кавадарци

Во рамките на посетата беа водопадите во с.Колешино, црквата „Св. Тројца“ во Радовиш, манастирот Вељуса во село Вељуса и манастирскиот комплекс Водоча.

v  Во активот на седмите одделенија се организираа посети во непосредната средина во корелација со барањата на поединечни содржини на дел од наставните предмети.

v  Учениците од деветто одделение беа на тродневна екскурзија со општо-образовен карактер на релација Кавадарци-Прилеп-Битола-Охрид-Струга-Вевчани-БилјаниниИзвори-Св.Наум-Кавадарци.

 

САМОЕВАЛУАЦИЈА на работата на училиштето

 

Самоевалуација во училиштето како законска обврска и се спроведува неколку пати во три фази и во седум подрачја. Истата се спроведе и оваа учебна година врз основа на индикаторите за дефинирање на квалитетот на работата на училиштето со што се овозможи направи подетален увид во напредокот и постигањата на работата на училиштето и неговите органи.

Добиените параметри посочија кон поставување на понатамошни препораки за подобрувањеа на условите и стандардите на воспитно образовниот процес.

Во трите фази на самоевалуацијата беа опфатени сите наставници, вработените во училиштето, родителите и учениците преку повеќе облици на делување во самиот процес.

По спроведувањето на целосна анализа, проверка на процесот на евалуацијата, произлегоа клучните јаки и слаби страни на училиштето, иако според целосниот приказ се воспостави дека училиштето постигнало добро ниво на напредок со многу јаки страни и незначителен број на слаби страни, за кои училиштето покажува индиции дека ќе се подобрат.

Целокупната Самоевалуација стои во Извештај за истата.

 

 

 

 

Предлог  мерки

 

За успешна работа и реализација на наставата во училиштето за идната учебна година потребно е да се превземат следните активности:

-        Да се изврши целосна подготовка на училиштето;

-        Подготвеност за употреба сите компјутери во училиштето за непречена реализација на ИКТ во наставата;

-        Континуирана набавка на нови наставни средства според потребата на наставата;

-        Да се продолжи со стручно усовршување на наставниот кадар во врска со Наставните програми за деветгодишното образование организирани од страна на БРО и други институции,како и активно спроведување на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието;

-        Да се подобри соработката помеѓу помладите и поискусните наставници во прилог на подобрувањето на квалитетот на наставата;

-        Изготвување на распоред на редовни и дополнителни часови;

-        Подобрување на условите на работата во продолжениот престој;

-        Редовна грижа за учениците со посебни потреби инклузирани во редовната настава и координативно делување на дефектологот и останатите вработени во училиштето;

-          Подобрување на редовноста во наставата со изградба на систем на мотивација на редовните ученици во наставниот процес

-        Грижа од страна на директорот и управните органи за професионално усовршување на кадарот во прилог на подобрувањето на воспитно образовниот процес во училиштето;

-        Продолжување на успешната соработка со Локалната самоуправа, Бизнис секторот, родители и градоначалникот на општина Кавадарци.

 

 

  Изготвиле,

________________

  Влатко Гечев,

  Љубица Лазиќ,

  Ратка Кулева,                                                                                            

 

Д и р е к т о р,

  ___________

Весна Крстева

 

Прочитајте 378 times Последен пат изменето на Петок, 15 Декември 2017 10:12
Повеќе во оваа категорија: « завршна сметка 2018

Оставете коментар

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

локација

ул.Цветан Димов бр.1
1430 Кавадарци Р. Македонија

земи насоки
контакт телефони

тел: 043 411 837
факс:043 411 837

Email: info@ougd-kav.org
работно време

понеделник - петок: 07:30ч. - 17:30ч.
сабота и недела - е-маил контакт

недела и празници - не работиме!